Гигантот Mercedes-Benz се повлекува од Русија
Mercedes-Benz стана уште една во низата компании кои се повлекоа од Русија поради нападот на оваа земја врз Украина.
Mercedes го прекина производството и извозот во Русија уште во март, а сега целосно се повлекува од рускиот пазар и ќе ги продава акциите на своите подружници на локален инвеститор.
Јапонски Nissan ја напушти Русија претходно овој месец, како и Toyota и Renault.
Nissan забележа загуба од 700 милиони долари со предавање на својот бизнис на владата за помалку од една фунта.
Сепак, финансискиот директор на Mercedes, Хералд Вилхелм, рече дека потегот на германскиот бренд нема да има сериозни нови ефекти врз профитот на компанијата.
Многу западни компании се повлекоа од Русија претходно оваа година, вклучувајќи ги Starbucks, McDonald’s и Coca-Colа.
Автомобилските компании како Jaguar Land Rover, General Motors, Aston Martin и Rolls-Royce престанаа да ги испорачуваат своите автомобили во Русија во првите месеци од војната.
Наталија Королева, директорка на Mercedes во Русија, рече дека главен приоритет е исполнувањето на обврските кон руските клиенти и спасувањето на работните места. Од јануари до септември во Русија се продадени 9.558 возила Mercedes, што е за 72,8 отсто помалку од претходната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во…
Подготовките за создавање на суверена држава на…
Македонија пред нов, екстремно топол бран
Од четврток (20 август) па сѐ до…
Иран најави договор со Оман за безбеден…
Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас…
Германците се сомневаат дека претседателката на Словенија…
Откако австриската новинска агенција АПА и словенечкиот…
Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…
Велика Британија изјави дека стои зад Украина…