Гир без ракавици: Нема репреговарање на преговарачката рамка

t

Нема можност за промена на преговарачката рамка на Македонија со ЕУ. Ова го изјави евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, на прашање – дали постои шанса за промена на документот со кој Македонија треба да ги води преговорите за членство во Унијата. Евроамбасадорот изјави дека неговиот став за ова прашање е многу јасен.

– Јас секогаш бев многу јасен за ова прашање. Овој договор кој беше постигнат во јули 2022год. резултираше со отворање на преговорите и скрининг процесот, за кој што рефереирав. Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција е непроменета и по изборите, вели Гир.

А премиерот Мицкоски денска порача дека не гледа причина кон договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог, кој ќе се донесува на прашањето за Македонците во Бугарија.

Пред новинарите изјави дека т.н. француски предлог (преговарачката рамка) од која прозилегоа уставните измени, е всушност репреговарање на договорот за добрососедство.

– Диктати и ултиматуми не преговараме. Ако можел Договорот за добрососедство да биде репреговаран и на него да му се додаде т.н. француски предлог, не гледам причина зошто да не се додаде и некој француски предлог плус, вели Мицкоски.

Новиот министер за европски прашања Муртезани пак дециден- уставни измени ќе има со широк консензус, но прво ќе се разговара на темата.

– Секако дека ќе се случат уставните измени, меѓутоа ние во минатото сме виделе дека тоа треба да биде еден инклузивен, поширок процес, за да има широк национален консензус, вели Орхан Муртезани министер за европски прашања.

-Како ќе се случат, дали ќе разговарте со премиерот? Со Бугарија ќе разговарате ли?

-Секако. Ние сме поминале само една недела од како е формирана новата влада.Секако ќе има длабоки, суштински но и внимателни разговори за начините на кои сметаме дека треба да се реши тоа прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…