Гир избра благи зборови ама Бугарите ги протолкуваа поинаку: Нема ЕУ за Скопје ако нема уставни измени!
Европската комисија го потсети Скопје дека нема ЕУ ако не ги внесе Бугарите во Уставот, вака бугарските медиуми ја пренесуваат изјавата на евроамбасадорот Дејвид Гир кој денеска им порача на пратениците дека треба да гласаат за уставни измени за да не се изгуби моментумот.
Евроамбасадорот повтори дека патот кон членството во ЕУ нема да биде лесен.
-Но, имате почнато со реформи во важни области, а некаде сте дури понапред и од други држави, од европски држави. Измените на Уставот со цел вклучување на граѓаните коишто се самоопределуваат како Бугари останува суверена одлука на Македонија, но исполнувањето на тоа е потребно за да се задржи моментумот во преговорите. Станува збор за одлука која што не зависи од никој друг освен од вас, истакна Гир.
Гир посочи дека со промена на Уставот не се менува националниот идентитет на Македонците, а еве како бугарските медиуми ликуваат на неговата изјава за “обврската” на Македонија да ги вметне Бугарите во Уставот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија дава по 50 евра помош за…
Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…
Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…
ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…
ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…
Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…
ТЕСЛА ВЛЕГУВА ВО БУГАРИЈА СО ТРИ ГОЛЕМИ…
Во последната една година Бугарија стана лидер…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…