Гир повика на единство на сите политички субјекти околу евроинтеграциите

t

Земјата во новата година да се фокусира на реформите неопходни за влез во ЕУ, цел која бара обединување на политичарите од целиот политички спектар и општеството, порача евроамбасадорот Дејвид Гир кој е во работна посета на Делчево.

-Сметам дека главната порака се реформите, главните реформи што се неопходни за оваа земја да влезе во ЕУ, а тие реформи се, пред се, во интерес на самите граѓаните. Тие опфаќаат широк опсег на прашања кои што ги засегаат граѓаните од владеење на правото, преку борбата против корупцијата, се до подигање на животниот стандард и градење на економијата. Ова е работа што ќе ја предводи Владата, но треба да ги обедини сите од целиот политички спектар и од сите делови на општеството заеднички да работат за да се постигне целта – мирна, демократска и просперитетна земја во ЕУ, изјави Гир на новинарско прашање кој треба да биде фокусот на власта во новава година во однос на нејзината евроинтеграција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица го освои Берлин, кој првпат може…

Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…

Личните документи ќе ги имаме на мобилен…

Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…

ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…

Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…

Европските министри за надворешни работи ќе се…

Европа се соочува со огромен недостиг од…

Европската енергетска криза може да добие нова…