Гир: Судовите, ОЈО, власта – сите да соработуваат за решавањето на дивоградбите на Галичица за да не го изгубите статусот од УНЕСКО

t

Дивоградбите во Националниот парк „Галичица“ се многу важно прашање во контекст на зачувување на статусот заштитено подрачје во УНЕСКО, прашање кое навлегува во сржта на владеењето на правото, порача амбасадорот на Европската унија Дејвид Гир.

Одговрајќи на новинарски прашања во рамките на денешната посета на Охрид, евроамбасадорот, кој ја предводеше делегацијата со амбасадори на земји членки на Унијата во земјава нагласи дека нелегалната градба веднаш треба да запре.

Нелегалната градба треба веднаш да се запре по дефиниција, затоа што претставува повреда на владеењето на правото што значи дека веднаш тоа треба да прекине. Особено во вакво подрачје кое што е познато по својата природна убавина нелегалното градење автоматски претставува закана за таа природна убавина. Е тоа е она што УНЕСКО постојано го повторува, изјави Гир.

Во однос на постојните дивоградби смета дека треба да се разгледаат од повеќе различни чинители.

Во игра доаѓаат судовите, Јавното обвинителство, централните власти и секако локалните власти, кои треба да соработуваат за да го решат прашањето, истакна Гир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…

Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…

Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Американските медиуми: Трамп е многу – многу…

Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…