Ги бркаме македонските работници за да увеземе странски: Левица бара итно запирање на ваквите погубни политики
Според Левица, работодавците деновиве повторно ја актуелизираа идејата за увоз на работна сила од странство, односно од Непал, Бангладеш, Пакистан и Индонезија под изговор да преживее економијата.
Оценуваат дека владата, предводена од „левичарски и европски ориентираните“ СДС И ДУИ наместо да се фокусира на почитување и спроведување на законите кои ги одредуваат работните односи , за да ги задоволат профитерските апетити на нивните капиталистички владетели – ќе увезуваат работници од странство.
„Левица, како единствена парламентарна партија на трудот, повикува на итно запирање на вакви погубни политики за македонскиот работник, кој едвај го преживува месецот. Наместо „увезување на работници“ владата да се фокусира на подобрување на животниот стандард на македонските работници, првенствено преку воведување на драконски казни за компаниите кои не ги почитуваат веќе постоечките работнички права, како и создавање на реални политики за вработување на невработеното работоспособно население.
Воедно потсетуваме дека Левица во својата програма се залага за:
– Враќање на правото на исплата на патни трошоци и трошоци за исхрана за работниците (патарина + хранарина).
– Воведување прогресивен персонален данок на личен доход (плата, хонорар и сл.), наместо сегашниот рамен данок – со цел богатите да плаќаат повеќе од сиромашните.
– Особен ангажман Државниот инспекторат за труд (ДИТ) да обезбеди доследно почитување на законските норми за работничките права“, се додава нивното соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…