Ги демантираме лажните наводи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе следува и тужба, велат од штабот на Пендаровски

t

Најрешително ги демантираме лажните наводи изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која се обвинува претседателот Пендаровски дека има некаква поврзаност со странски консултанти, а во врска со скандалот откриен од медиумите за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ со цел фингирање на анкети заради манипулација на јавното мислење, порачуваат од Изборниот штаб на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Оттаму повикуваат Обвинителството да ги испита сите наводи, а најавуваат и пријава за како што велат, лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според наводите во македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ, немајќи реална политичка понуда, планирале противзаконски активности за манипулација на изборите преку креирање на лажни вести, злоупотреба на јавниот сервис, притисоци врз јавната администрација, или со други зборови, практикување на старите навики на партијата која ја имаше заробено државата со години. Во врска со оваа афера, очекуваме Јавното обвинителство да ги испита сите наводи изнесени во медиумите, а, за изнесените лаги на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ ќе следува тужба за клевета“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крај за договорите на дело во државните…

Лицата кои со години работат во државните…

BMW планира да укине 8.000 работни места…

Со цел да заштеди неколку милијарди евра…

ПО 20 ГОДИНИ СТАВЕНА НОВА БИСТА НА…

Еден месец по отворањето на темелно реновираните…

Крај за договорите на дело во државните…

Лицата ангажирани со договор на дело и…

Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…

Франција се подготвува за нови протести со…