Објавено на:

Ги дрогирале сопругите, ги снимале нападите за онлајн групи: Уапсени се десетици силувачи во меѓународна полициска акција

t

Меѓународна полициска операција идентификуваше десетици сторители кои ги дрогирале и силувале своите партнерки, користејќи онлајн групи за разговор за да ги олеснат и поттикнуваат своите напади, објави Си-ен-ен.

Во повеќето случаи, жртвите се жени кои биле успивани со седативи пред да бидат силувани и сексуално нападнати, соопштија „Европол“ и британската Национална агенција за криминал (НЦА).

Онлајн групите им овозможувале засолниште на претежно машки сторители за да координираат напади, да разменуваат информации, како и да објавуваат видеа и фотографии од злоупотребата.

Германските и британските криминалистички агенции, со помош на органите за спроведување на законот од САД, Бразил, Канада, Франција, Унгарија, Холандија и од Шпанија, започнале заедничка операција за справување со „еволуирачката закана“, соопшти НЦА.

Често жртвите воопшто не знаат дека биле сексуално нападнати сè додека не бидат контактирани од полицијата, а злоупотребата ја извршува „некој што го познаваат и кому му веруваат, а во некои случаи и повеќе поврзани сторители“, наведува агенцијата.

Истрагите доаѓаат по тајна истрага на Си-ен-ен за онлајн мрежи на мажи кои ги учат другите како да ги дрогираат и силуваат своите партнерки.

Од почетокот на прекуграничната полициска соработка, наречена „Проект Медуза“, во април, европските истражители соопштија дека идентификувале 156 сторители и жртви и отвориле над 270 нови траги.

Досега се уапсени 57 осомничени.

Но вистинскиот обем на овие кривични дела и бројот на жртви не е познат и „речиси сигурно е недоволно пријавен“, според британската НЦА.

„Сексуалниот напад олеснет со дрога повеќе не е изолирано однесување, туку сè почесто организиран, спроведуван преку координирани мрежи и овозможен од дигитални платформи, што бара пософистициран оперативен одговор“, изјави Најџел Лири, заменик-директор во НЦА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

57-годишник силувал 22-годишна девојка во Демир Хисар!

Надлежните институции постапуваат по сериозен случај во…

26-годишник од Радовиш силувал дете кое нема…

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство…

Уапсен е 62 годишник од струмичко –…

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62)…

Скопјанец силувал малолетничка и го снимал сексуалниот…

Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне…

Ги дрогирале сопругите, ги снимале нападите за…

Меѓународна полициска операција идентификуваше десетици сторители кои…