Објавено на:

Ги палат алиштата за да се стоплат: Бегалските кампови во Сирија под снег

t

Цивилите, засолнети во импровизираните шатори во северозападната сириска покраина Идлиб, поради суровите зимски услови навечер ја палат својата облека за да се стоплат.

Снежните врнежи и студеното време тешко се поднесуваат во шаторските кампови во Идлиб, додека силните ветрови ги уништија шаторите на голем број семејства.

Семејствата кои мораа да ги напуштат своите домови поради нападите на режимот на Асад и неговите поддржувачи се борат со сиромаштијата и со неповолните временски услови.

Во камповите каде што температурите се ниски, децата се собираат на едно место и се обидуваат да се загреат со палење на пластика, стари чевли и парчиња дрво што ги наоѓаат во околината.

Во регионот каде што температурата на воздухот се спушта и до 5 степени под нулата, жртвите на Граѓанската војна, кои не можат да купат огрев, ноќе ја палат облеката за да ги загреат шаторите.

Аднан ал Ахмед, кој пред 8 години мораше да го напушти својот дом во село во западниот дел на Хама, за Агенција Анадолија (AA) рече дека во кампот уништени се шаторите на повеќе од 50 семејства поради обилните снежни врнежи.

Ахмед истакнувајќи дека во последен момент ги спасиле децата од под уништените шатори рече: „Семејствата чии шатори се уништени се засолниле кај соседите, со тоа населението во шаторите се зголеми. Ја палиме облеката за да се загрееме“

Ахмед исто така наведе дека поради снежните врнежи патиштата се затворени поради што болните деца не можат да ги носат во болница.

Нагласувајќи дека негова единствена желба е да се врати во својот топол дом од кој мораше да побегне, Ахмед повика да им се помогне.

Калид ал Шејх, кој избегал од западните села на Хама, нагласи дека шаторите им се уништени и дека во последен момент ги спасиле децата.

„Не можеме да спиеме ноќе поради студот. Немаме храна и огрев. Апелирам до сите хуманитарци да испратат помош за сиромашните кои живеат во шаторите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ништо од пролетта: Очекувајте снег на повисоките…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Снег во Хрватска и Словенија

Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената…

Захарова: Каде е Западот да даде безусловна…

Изјавата од канцеларијата на генералниот секретар на…

Костовски од Бутел потрошил, речиси, 27 000…

Костовски од Бутел потрошил, речиси, 27 000…

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица…

Денес рано наутро полицијата спречи нелегална трговија…