Ги “префати” од Македонија: Косовските синдикати бараат зголемување на минималната плата на 400 евра
Независниот синдикат на приватниот сектор на Косово (СПСПК) изрази незадоволство од нацрт-законот што денеска го усвои владата на Албин Курти, со кој се предвидува минималната месечна плата во земјата да изнесува 250 евра, и останува на барањето таа да биде 400 евра, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателот на синдикатот на приватниците, Јусуф Аземи, изјави дека една од главните причини за таквото барање е недостигот на работна сила во државата.
– СПСПК останува на ставот дека минимална плата под 400 евра не може да се прифати. За оваа плата ние како пример зедовме едно четтиричлено семејство и видовме дека за неговите минимални потреби не се доволни ниту 460 евра. Дополнителна причина зошто го бараме тој минимум е недостигот на работна сила. За нашите улуги кои им ги даваме на сопствениците на компаниите сега ние ја одредуваме цената, изјави Аземи на прес-конференција.
Според СПСПК, и начинот на кој се нашол предлог-законот во владата е незаконски.
– Минималната плата се предлага од Економско-социјалниот совет на Владата, а Владата го праќа во Собрание. Советот не е прашан воопшто и во Владата е испратен на незаконски начин. Ние можеме да го гледаме како позитивно зголемувањето, но тоа не ги исполнува ниту елементарните потреби, изјави Аземи. иа
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…
Најава за нови апсења на Косово, дали…
Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…