Објавено на:

Ги смачкавме: Македонија го победи Гибралтар со 4:0

t

Фудбалската репрезентација на Македонија го заврши пеколниот јуни со убедлива победа. Во Скопје падна селекцијата на Гибралтар (4-0) и се забележа втората победа оваа сезона во Лигата на нациите против истиот ривал. Со оваа победа нашиот национален тим останува на второто место на табелата, а натпреварувањето продолжува во септември со последните две средби, со Грузија на гости и со Бугарија дома.

Извештај од натпреварот:

Селекторот Благоја Милевски реши да ротира за овој натпревар. Очекувано, поради напорниот ритам во изминатите денови. Седум новитети имаше во екипата на Македонија, тоа беа голманот Дамјан Шишковски, одбраната беше целосно нова – Тодороски, Зајков, Серафимов и Ристевски – додека промени имаше и во средниот ред каде Николов тргна пред Спировски, како и во нападот каде беше прекомандуван Алиоски, а во стартниот состав се најде Миовски.

Македонија уште од стартот наметна свое темпо на игра. Држеше топка и притискаше, а еден слободен удар од дваесетина метри донесе предност уште во четвртата минута. Еден од играчите на Гибралтар играше со рака, судијата Мунтеан покажа слободен удар, па одговорноста ја презеде Барди и биеше одлично во мрежата на противникот. И по голот, шансите продолжија да се нижат. Еднаш се обиде Алиоски, но не погоди, за потоа добра можност да има Бојан Миовски непосредно од пеналтикот, но пречката беше сојузник на гостинот. Во две минути, во 14. и 16. минута, Бојан Миовски експлодира и со два гола во мрежата на Гибралтар донесе 3-0. Овие два погодока беа први во дресот со државниот грб за напаѓачот кој доби предност пред Милан Ристовски.

Се играше 24. минута кога гостинот од Гибралтар ја имаше првата можност. Кашиаро излезе пред голот на Шишковски и биеше по земја, но голманот со првата интервенција на натпреварот ја сочува мрежата. Веднаш потоа Дарко Чурлинов имаше можност на спротивната страна, Банда го прочита, ама крилнот играч се поправи во 31. минута кога по одлична акција четврти пат на мечот ја стресе мрежата на аутсајдерот во групата. Иако имавме уште по некоја шанса за гол, тоа беше сè од нашиот национален тим во воведните 45 минути.

На стартот на второто полувреме, Благоја Милевски направи тројна измена. Ги повлече Алиоски, Барди и Чурлинов, а шанса им даде на Етеми, Фазлагиќ и Димоски кои се запишаа во листата на репрезентативци на Македонија како дебитанти. Шанси речиси и да немаше затоа што темпото на игра падна, а топката беше во нозете на Македонија. Шанса за настап на овој дуел доби и Томче Гроздановски како уште еден дебитант, кога во 79. минута влезе на местото на Елиф Елмас. Македонија го заврши второто полувреме со еден шут во рамки на голот на противникот, кога во 85. минута се обиде Ваљон Етеми од далечина, но само во рацете на Банда, а потоа истиот играч во 90. минута имаше добра можност која удри во дирекот.

Извро: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…

Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…

Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…

Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…

Руски зборник од 1849 година: Македонскиот јазик…

Во време кога се врши атак врз…