Главниот град добива целосно ново сообраќајно решение – бул. „Никола Карев“ со бул. „8-ми Септември“ се одвиваат согласно предвидената динамика
Реализацијата на проектот за изградба на клучка на раскрсницата на бул. „Никола Карев“ со бул. „8-ми Септември“ еден од најголемите капитални инфраструктурни проекти кои се во тек во градот Скопје и се одвиваат согласно предвидената динамика.
Со реализацијата на овој проект главниот град добива целосно ново сообраќајно решение кое значително ќе го сообраќајот и ќе придонесе кон олеснето и безбедно движење на овој дел на градот.

Со овој проект покрај изградба на клучката се предвидува и
-Изградба на нов кружен тек на раскрсницата на бул. „8-ми Септември“ со ул. „Скупи“, со што се елиминираат проблемите кои во сообраќајот ги правеше дотраеното сообраќајно решение со семафор, а значително се подобрува и безбедноста.
-Изградба на два нови моста на река Серава, едниот на бул. „8-ми Септември“ и вториот на бул. „Никола Карев“
-Реконструкција и проширување на дел од ул. „Скупи“, бул. „8-ми Септември“, бул. „Никола Карев“
-Изградба на нови пешачки и велосипедски патеки, со соодветно хортикултурно уредување и ново улично осветлување
-Изградба на целосно нова атмосферска канализација
Ги замолуваме граѓаните за внимателно движење по трасата и за трпение со оглед на моменталниот времен сообраќаен режим на движење на возила. Реализацијата на овој проект е исполнување на уште едно ветување од програмата „За Модерно Скопје“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…