Главниот обвинител на Украина поднесе оставка по корупциски скандал
Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко, поднесе оставка по обвинувањата за корупција поврзани со заштита на нелегални телефонски центри и перење пари. Оставката следува откако украинските антикорупциски истражители викендов извршиле претрес во неговите канцеларии и соопштиле дека откриле криминална шема во која бил вмешан функционер од обвинителството.
Според Националното биро за борба против корупцијата – НАБУ и Специјализираното антикорупциско обвинителство – САПО, мрежата примала пари за да ги заштитува центрите кои вршеле телефонски измами и испрала милиони. Истражителите тврдат дека дел од парите биле користени за купување недвижности, накит и други вредни предмети.
Кравченко ги отфрли обвинувањата како неосновани и порача дека не сака функцијата главен обвинител да биде користена како алатка за политички пресметки. Тој при поднесувањето на оставката им се заблагодари на претседателот Володимир Зеленски и на украинскиот парламент за довербата, додека Зеленски засега јавно не ја коментираше неговата одлука.
Новиот случај повторно го отвора прашањето за корупцијата во Украина, особено откако минатата година имаше протести и критики од западните партнери поради обидите да се ограничи независноста на НАБУ и САПО.
Борбата против корупцијата е еден од клучните услови на патот на Украина кон членство во Европската Унија, а во последниот период неколку случаи ги опфатија и функционери блиски до претседателската администрација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…