Главни сме во последните пет места во сите категории: И Јада заврши четврт претпоследен на маратонот во крос-кантри скијање
Македонскиот натпреварувач во скијачко трчање, Ставре Јада, својот настап во маратонот во крос-кантри скијање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг го заврши на 56. место од вкупно 59 тркачи кои стигнаа во целта.
Патеката од 30 километри, која пред стартот беше принудно скусена од предвидените 50 километри поради лошото време во кинеската престолнина, тој ја помина за 1:25:41,8 часа, што, според информациите од Македонскиот олимписки комитет (МОК) е „најдобар резултат кој еден македонски спортист во крос кантри го постигнал на зимските Олимписки игри“. Јада со своето најдобро време имаше заостанување од нешто повеќе од 14 минути зад победникот Александер Болшунов од Русија. Среброто заврши кај неговиот сонародник Иван Јакимушкин, додека бронзен беше Норвежанецот Симеон Кругер.
„Горди сме на најдобрите македонски спортисти кои дадоа се од себе на ЗОИ во Пекинг и им посакуваме, со заедничка квалитетна и напорна работа, на следните Игри во Милано и Кортина во 2026 година да постигнат уште подобри резултати“, изјавија од МОК.
Крушевчанецот беше подобар од тројца натпреварување и тоа од Хрватска, Бразил и од Грција, додека еден од фаворитите, Јоханес Клебо не ја заврши трката, додека пријавениот Михаел Новак од Чешка воопшто не се појави на стартот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Рубио воодушевен од таванот во салата…
Пред состанокот меѓу претседателите на САД и…
Италијанската премиерка Мелони ги нарече антиолимписките демонстранти…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ги осуди…
Жестоки протести против Зимските олимписки игри во…
Илјадници луѓе се собраа во Милано во…
“Made in Europa” – ЕУ започна кампања…
Европскиот комесар за индустријата, Стефан Сежурне, ја…
Трамп ја прели чашата: За ЕУ Вашингтон…
Настапот на Трамп во Давос го издиша…