Главчев: Нема промена во позицијата на Бугарија, бараме почитување на договорите

t

Вршителот на должноста премиер и министер за надворешни работи, Димитар Главчев на рсправата во Народното собрание за процесот на европска интеграција на Македонијa кажа дека позицијата на Бугарија во однос на нашата држава е непроменета и дека сакаат да се почитуваат сите договори.

„Досега бугарската влада строго се придржува до ставот потврден со одлуката на Националното собрание од 24 јули 2022 година, со која се дефинираат условите под кои Република Бугарија може да поддржи каков било чекор од процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија Усвојувањето и итното стапување во сила на уставните измени, со кои Бугарите ќе бидат регистрирани кај другите народи, е неизбежен предуслов за натамошен напредок во евроинтеграцискиот процес на Скопје“, рече тој, пренесе „БНР.бг“.

Според Главчев, нема притисок врз Бугарија за отстапки кон Скопје и ставот на Софија го делат и земјите членки на ЕУ, што се гледа и во годишните извештаи за напредокот на РСМ како земја кандидат:

„Шпекулативните хипотези за можно повторно отворање на преговарачката рамка одобрена од сите земји членки и од самата Северна Македонија, или непочитување на договорот за добрососедство од 2017 година, беа отфрлени од сите евро-атлантски партнери. Не само што нема притисок туку на повикот за почитување на договорите ни се придружуваат и други земји од ЕУ“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Ќе ја стигнеме Кина во производството…

Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски…

Граѓанските здруженија ги бојкотираа: Шукова држеше говор…

Сериозна превенција на родово базираното насилство, одговорност…

САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…

Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…

Епидемијата на ебола во Конго е надвор…

Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…

Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…

Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…