ГЛАДУВАА ПОЛА ДЕН Прекинат штрајкот со глад на 213 осуденици во Идризово
Осудениците од полуотвореното одделение во „К.П.У. „Идризово“ го прекинаа попладнево штрајкот со глад кој го почнаа изутрината, потврди за МИА заменик-директорот на установата Феми Јонузи.
Тој информира дека во штрајк стапиле 213 осуденици и тие денеска биле посетени од страна на Народниот правобранител, од тимови на Управата за извршување на санкции. Посочи дека на повредените осуденици постојано им се пружа медицинска помош.
Јонузи потенцира дека тимови на Управата за извршување на санкции разговараат со затворениците, вработените и управата на затворот за да се надмине проблемот и да се утврди фактичката состојба.
Осуденици од Казнено-поправната установа „Идризово“ вчера побараа средба со Народниот правобранител и со Хелсиншкиот комитет, а во спротивно, како што најавија ќе почнат штрајк со глад.
Од управата на „К.П.У. „Идризово“ вчера потврдија дека до нив е стигнато писмо со најава за штрајк со глад. Во писмото се наведува дека штрајкот е поради осудениците кои беа повредени викендов при претрес во полуотвореното одделение.
„Ние осудениците од Н.П.О-одд при К.П.У. „Идризово“ ве известуваме дека од утре, 31 октомври, стапуваме во штрајк со глад поради тешко повредените осуденици на кои не им се укажува лекарска заштита иако се со тешки телесни повреди како последица од полициската акција“ – се наведува во писмото.
Министерството за внатрешни работи викендов соопшти дека при претрес во полуотвореното одделение во „Идризово“ повредени се 10 полицајци при судир со група затвореници кои пружиле отпор. При претресот, пронајдени се 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефон и дрога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…