Гласаа болните, затворениците и лицата во домови, излезноста висока

t

Ден пред одржувањето на првиот круг од локалните избори, денеска своето право на глас го остварија болните и немоќни лица, затворениците и лицата сместени во установи за вонсемејна грижа. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), гласањето поминало непречено и без никакви проблеми, а излезноста во овие категории е висока.

Според последните податоци, од вкупно 8.856 пријавени болни или немоќни лица, до 20:30 часот гласале 7.935 од нив.

Во затворите и установите каде што се извршува мерка притвор, од вкупно 2.162 лица со право на глас, до 18:30 часот гласале 1.400 затвореници.

Во установите за вонсемејна грижа, како што се старечките домови, од евидентирани 442 гласачи, до 18:30 часот своето право го оствариле 297 лица.

Од ДИК појаснуваат дека резултатите од денешното гласање нема да бидат објавени посебно. Секое гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии, кои нема да се отвораат денеска.

„Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре после 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина“, соопштија од Државната изборна комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гласаа болните, затворениците и лицата во домови,…

Ден пред одржувањето на првиот круг од…

(Видео) Цел митинг во Желино: Градоначалникот се…

Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, пред околу…

Тешка сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“…

Вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје…

(Видео) Партиски состанок во Охрид – Уште…

Уште едно нарушување на изборниот молк е…

Сите резултати кои се објавуваат денес се…

Според Изборниот законик на Република Северна Македонија,…