Гласаа болните, затворениците и лицата во домови, излезноста висока
Ден пред одржувањето на првиот круг од локалните избори, денеска своето право на глас го остварија болните и немоќни лица, затворениците и лицата сместени во установи за вонсемејна грижа. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), гласањето поминало непречено и без никакви проблеми, а излезноста во овие категории е висока.
Според последните податоци, од вкупно 8.856 пријавени болни или немоќни лица, до 20:30 часот гласале 7.935 од нив.
Во затворите и установите каде што се извршува мерка притвор, од вкупно 2.162 лица со право на глас, до 18:30 часот гласале 1.400 затвореници.
Во установите за вонсемејна грижа, како што се старечките домови, од евидентирани 442 гласачи, до 18:30 часот своето право го оствариле 297 лица.
Од ДИК појаснуваат дека резултатите од денешното гласање нема да бидат објавени посебно. Секое гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии, кои нема да се отвораат денеска.
„Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре после 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина“, соопштија од Државната изборна комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венецуелка нападната од косовски државјанин во апартман…
Жена од Венецуела пријавила дека била нападната…
Шведска испраќа борбени авиони и воени бродови…
Шведска ќе распореди борбени авиони „Грипен“ и…
ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери…
ДУИ алармира дека скандалот во Психијатриската болница…
Финансиската полиција истражувала: Запрена постапката за промена…
Управата за финансиска полиција отвори предмет и…
Нови шпекулации: Русија можеби се подготвува за…
Украински политички аналитичар тврди дека Русија можеби…