Гласање за Резолуцијата за Сребреница денес во ОН – Камбаните во Србија ќе бијат на пладне во знак на единство на српскиот народ
Генералното собрание на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата за Сребреница, предложена од Германија и Руанда. Сесијата започнува во 16 часот по средноевропско време. Иако, според процедурата на Генералното собрание, одлуките се носат со консензус, што бара сите земји да се договорат за текстот на нацрт-резолуцијата, предлогот за резолуција за Сребреница ќе се гласа, бидејќи Србија, Русија и Кина се против неговото усвојување.
За време на гласањето во Генералното собрание на ОН, земјите немаат право на вето, а секоја од 193-те земји членки има право на еден глас. Иако Црна Гора не е меѓу коспонзорите, најавено е дека земјата ќе гласа за усвојување на резолуцијата, откако ќе поднесе амандмани на нацрт-резолуцијата. Постојаната мисија на Србија во ОН упати апел до коспонзорите на резолуцијата да го повлечат текстот на резолуцијата во интерес на сите, пред се на народот на Босна и Херцеговина, но и на сите членки на ОН, за земјите-членки да да не бидат ставени во позиција да гласаат за чувствително прашање кое бара консензус.
Српската делегација во Њујорк ја предводи претседателот Александар Вучиќ. Вучиќ во понеделникот, пред неговото патување во Њујорк, присуствуваше на молитвата одржана во црквата Свети Сава во Белград од страна на патријархот на Српската православна црква Порфирије, кој му посака на Вучиќ мудрост и решителност да сведочи за вистината.
По благослов на патријархот Порфири, напладне ќе бијат камбаните во сите цркви на СПЦ во знак на поддршка за српскиот народ. Како што се наведува во соопштението на СПЦ, камбаните ќе ги повикуваат „верните Светосавчани на молитва, смиреност, меѓусебна солидарност и непоколебливост во правењето добро и покрај целосно лажните и неправедни обвинувања на кои се изложени во Обединетите нации“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…
Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…
(Видео) Пукна трпението во Горњи Милановац –…
Во знак на протест поради рестрикциите на…
„Не ѝ служам ниту на Америка, ниту…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека…