„Гласен синдикат“ : Работат по 11 часа дневно, а им се евидентираат по два!

t

„Гласен синдикат“ во изминатиот период евидентираше кршење на работнички права во Штип, Битола, Свети Николе и Македонска Каменица. Кристина Ампева, претседателка на „Гласен синдикат“, на вчерашната прес-конференција во Штип рече дека дел од работодавачите не го почитуваат законот за недела неработен ден, но посочи и повеќе други примери на груби кршења на работничките права.

– Во Македонска Каменица имаме случај работниците да работат и по 3 пати во неделата по 11 часа, но вообичаено работат по 8 часа. Сепак, се заведува дека работат само два часа дневно, односно, 10 часа неделно, што воопшто не е точно! Денеска е пратен инспекциски надзор поради ова. Во Битола работодавец решил дека треба да има непријавени работници и дека треба да ги држи затворени да работат прекувремена работа, на што веќе се реагира и се прават инспекциски надзори – вели Ампева.

Таа посочи дека до нив пристигнала реакција и од работници во Свети Николе. Во оваа фирма, работници се префрлени од неопределено на определено работно време во друга сестринска фирма. Ампева повика Сојузот на синдикатот на Македонија да реагира бидејќи работниците во оваа фирма си плаќаат членарина на ССМ и да ги заштитат работниците.

Во изминатиот период во фабрика во технолошко-индустриската развојна зона во Штип, од работници имаше реакција дека работодавецот го зголемил работниот ден на 10 часа.

– Веднаш беше реагирано таму. Работодавецот ја разбра сериозноста на ситуацијата, но и над газдите има некои други газди. Ние како синдикат можеме да реагираме веднаш, па и да го алармираме работодавецот во странската земја. Во оваа компанија имаме членови на синдикатот „Гласен синдикат“ – изјави Ампева.

Според неа, загрижува и иницијативата за враќање на старото законско решение работниците да работат и во недела.

– Сè додека нема реална евиденција на работното време и исплата на прекувремена работа и работа на празник, недела мора да остане неработен ден – додаде Ампева.

За кршење на донесеното законско решение, предвидена е казна 15 дена забрана за вршење дејност. Ампева алармира дека состојбата е повеќе од сериозна, зашто и во моментот реалниот сектор се соочува со недостиг на работна рака, а во иднина овој проблем сè повеќе ќе се продлабочува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан скопјанец со тупаници ја удурал и…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…