Глумат елита, а се тежок шљам: Челниците на Баерн не му ни јавиле на Нагелсман дека е отпуштен
Години наназад, во Баерн се трудат да создадат слика дека станува збор за елитен клуб, со манири, но реалноста е сосема поинаква.
И во случајот со Карло Анчелоти можеше да се забележи тоа, но синоќа доби потврда со отказот што го доби Јулијан Нагелсман. Без никаква најава, а особено без да го информираат довчерашниот тренер, челниците на Баерн одлучиле да ја прекинат соработката со него, на два месеца пред крајот на сезоната. Без да се навлегува во причините за ваквата одлука, имајќи предвид дека Баерн се уште е во игра за сите трофеи оваа сезона, начинот на кој е отпуштен Нагелсман е срамен и простачки.
За тоа дека е отпуштен, еден од најталентираните европски стручњаци дознал од медиумите, во период додека со својата девојка се наоѓал на скијање. Поради репрезентативните настапи, играчите и стручниот штаб на Баерн добиле неколку дена одмор, а Нагелсман го искористил тоа за да ги наполни батериите на планина.
Срамно е тоа што никој од челниците не собрал храброст, макар и преку СМС да го извести што се подготвува, а потоа и дека добил отказ. Особено бесни се врвните германски медиуми кои цврсто застанаа на страната на Нагелсман, а го нападнаа Баерн за недостаток на стил. Експресното назначување на Томаш Тухел за нов тренер, најдобро зборува дека разделбата со Нагелсман се подготвувала извесен период, а никој на досегашниот шеф не му кажал што се подготвува.
Извор: sportclub.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…