Говорот на Еди Рама од Баку одекна низ светот: „Што правиме овде?“

t

Премиерот на Албанија, Еди Рама, го откажа говорот што го подготви за самитот за климата Cop29 во Баку, откако, како што објасни, ги видел луѓето како јадат и пијат удобно на каучите претходниот ден, додека на телевизорите се појавуваат говори на светски лидери но со пригушен звук.

„Луѓето таму јадат, пијат, се дружат, се сликаат, додека на телевизиите зад нив светските лидери нешто кажуваат и кажуваат, но без тон. Ми се чини дека токму тоа се случува во реалниот свет секој ден. Животот продолжува, со сите негови стари навики, а нашите говори полни со големи зборови за борбата против климатските промени не менуваат ништо“, рече Рама.

Тој ги повтори зборовите на генералниот секретар на ОН, кој ден претходно рече дека емисиите на CO2 се зголемени од последниот COP до денес.

„Што значи за нашата иднина и иднината на светот ако најголемите загадувачи продолжат како досега? Што правиме ние на вакви собири, повторно и повторно, ако нема заедничка политичка волја празните зборови да се претворат во смислени акции“, рече албанскиот премиер Едија Рама, пренесува Јутарњи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…

Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…

Славески: Најдобрата опција е ова што го…

Најдобрата опција е ова што го правиме…

Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…

Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…

Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…

Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…

Народната банка организира превоз за клиентите на…

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…