Годинава се очекуваат зголемени приноси од пченица, сепак недоволно за домашните потреби
Зголемени приноси од житни култури може да се очекуваат оваа сезона доколку времето и понатаму остане во овие разумни температурни граници. Поголеми приноси на пченица, но и сончоглед може да се очекуваат и поради зголемените површини кои оваа година се засадени со овие две култури. Упатените за Фактор посочуваат дека со растот на цените на светските берзи покрај тоашто дојде до драстичен пораст на цените на основните прехрамбени продукти во малопродажба, исто така се зголеми и интересот за одгледување на дел од овие култури.
– Од она што го забележуваме на терен, и од сегашните временски прилики можам да кажам дека може да се очекува позитивен ефект кај производството на земјоделски култури. Со заладувањето и дождовите културите се освежија, освен онаму каде што има штети од невремето и од градот. Но, генерално очекуваме подобар род годинава и кај јачменот, и кај пченицата, па и кај сончогледот. Се забележа исто така дека оваа година имаме значително поголеми површини кои се засадени со пченица и со сончоглед. Има многу одгледувачи кои лани саделе пченка, но годинава се ориентираа кон сончоглед. Добро е што се враќаат на нивите, но битно ќе биде какви цени ќе им бидат понудени на земјоделците за откуп на производите, за да бидат поттикнати и следната сезона да садат и да ги одгледуваат овие култури – вели Ангелко Ангелески, агрометеоролог при Управата за хидрометеоролошки работи.
Нашиот соговорник потенцира оти и покрај зголемените површини засадени со основните култури, и покрај зголемениот принос кој се очекува, сепак, домашните потреби од жито, или сончогледово масло нема да може да ги задоволиме без увоз.
– Очекувано е приносите да бидат поголеми и кај пченицата и кај јачменот, па и кај сончогледовото масло, но сепак, тие се далеку од доволни за задоволување на домашните потреби од овие производи. Сепак, за да се вратат културите на нивите, и за да се зголеми домашното производство, битни се владините политики и откупните цени кои ќе овозможат земјоделци да ги покриваат трошоците за да бидат мотивирани за одгледување земјоделски култури. Се забележува дека во Пелагонија има зголемено засадување на сончоглед, но и во други региони – додава Ангелески.
Извор: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Имаме па ќе даваме на други: Укината…
Владата на денешната 87. седница донесе одлука…
Цената на пченицата трипати пониска од брашното…
И кога нема доволно, откупната цената на…
Нагло порасна цената на пченицата откако Русите…
Цената на пченицата нагло порасна во понеделникот,…
Србија ја укина забраната за извоз на…
Владата на Србија денеска ја укина забраната…
Владата забрани извоз на пченица, брашно, пелети…
На предлог на Министерството за економија Владата…