Нагло порасна цената на пченицата откако Русите ја нападнаа Одеса

t

Цената на пченицата нагло порасна во понеделникот, откако викендов со ракетен напад врз украинското црноморско пристаниште Одеса фрли сомнеж во спроведувањето на договорот постигнат минатата недела за отворање коридор за извоз на жито од Украина.

Русија, Украина, Обединетите нации и Турција во петокот потпишаа договор за повторно отворање на трите украински пристаништа на Црното Море за извоз на жито. Договорот ќе важи 120 дена и предвидува месечен извоз од пет милиони тони.

Фјучерсите на пченицата на берзата во Чикаго се зголемија за речиси 4 отсто во понеделникот на 7,86 долари за бушел, враќајќи голем дел од загубите забележани во петокот, кога цените паднаа за речиси 6 отсто по објавувањето на договорот.

„Рестартирањето на украинскиот извоз не само што ќе бара безбеден канал за пловидба на бродовите, туку и безбедни пристаништа. Русите покренаа сомневања за безбедноста на пристаништето уште пред да се исуши мастилото на договорот за испорака. Повторно е присутен сомнежот“, вели еден европски трговец.

Украинските поморски пристаништа се затворени од почетокот на руската инвазија во февруари. Некои посеви беа транспортирани преку железница и пат низ соседните земји како Романија и Полска, но милиони тони се натрупаа на фармите.

Падот на пратки од еден од најголемите извозници на жито во светот придонесе за зголемување на цените на храната ширум светот, а агенциите на ОН предупредија дека тоа може да доведе до глад и масовна миграција од невидени размери.

„Со неизвесноста колку време ќе биде потребно за расчистување на мините, сопствениците на бродови едноставно нема да пловат до Украина, без оглед на цената на транспортот на карго, доколку мислат дека нивниот брод ќе биде погоден од проектили“, вели друг европски трговец со жито. „На Украина и треба голем обем на океански извоз за да ги расчисти магацините за нови култури; извозот на копно и по река во Источна Европа не е доволен“.

Украина во неделата продолжи со напорите за рестартирање на извозот на жито од пристаништата на Црното Море според новиот договор, но предупреди дека испораките ќе страдаат доколку рускиот ракетен напад врз Одеса е знак за нови напади.

„Дури и да кажат дека се уште работат на обновување на извозот, не гледам кој ќе сака да ги осигура бродовите што би оделе во таа област“, ​​вели друг трговец од европски кругови.

Кремљ во понеделникот соопшти дека ракетниот напад нема да влијае на извозот на жито. На прес-конференција, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија ја таргетирала воената инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири лица загинаа во поплавениот руски град…

Четири лица загинаа во поплавениот Орск, нивната…

Нови видеа по пукањето на браната во…

Објавена е нова снимка од Орск каде…

Италијанска „Република“: НАТО разгледува можности за отстапување…

Претставниците на НАТО ги разгледуваат опциите за…

Портпаролот на ЕУ: Војната во Украина ќе…

Европската унија има јасен и дефиниран став…

(Видео) Трамп: Лично ќе го предупредев Путин…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека…