Голема акција во Хрватска: Уапсени лица осомничени за злоупотреба на европски пари
Неколку лица се уапсени рано утринава во областа Риека и Меѓумурје. Тие се осомничени за измамa со средства од Европската унија, јавува загрепски Јутарњи лист, повикувајќи се на неофицијални информации. Оттаму велат дека во тек се претреси во просториите, а според засега достапните информации, акцијата се спроведува по налог на Европското јавно обвинителство (ЕПО).
Во истрагата наводно биле опфатени и лица од градската управа на Риека, меѓу кои и поранешен шеф на надлежната градска управа. Покрај нив, истражителите таргетирале уште најмалку две лица поврзани со компанија „Меѓимурје“ која изведувала работи на проект поврзан со депонирање на отпад.
Станува збор за проект кој бил кофинансиран со повеќе од 30 милиони куни грантови од фондовите на ЕУ. Според неофицијални информации, пишува Јутарњи, истражителите на ЕЈО се сомневаат дека имало незаконски отстапки при тендерот за таа работа, како и дека целиот проект на крајот бил неоправдано преплатен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…
Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…
Во домот на 27-годишен стружанец пронајдени 174…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.…
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Уапсен е еден од најбараните бегалци во…
Шведскиот државјанин Али Намдар, клучна фигура во…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…