Објавено на:

Голема акција на Европол: Откриени и запленети 4.3 милиони евра висококвалитетни лажни банкноти!

t

Европол на 21 септември заедно со шпанската национална полиција и полицијата на Каталонија успеа да сузбие организирана криминална група вклучена во производство и дистрибуција на фалсификувани евро банкноти, соопшти денеска европската полициска служба.

Се наведува дека за време на операцијата биле претресени девет локации во Аликанте, Барселона, Малага и Валенсија, уапсени се 12 лица, демонтирана е една тајна машина за печатење и запленети се 4,3 милиони евра во висококвалитетни лажни банкноти од 500 евра како и голема количина на опрема.

Според извештаите, во полициската интервенција била вклучена и Истражната бригада на Банката на Шпанија, единици за поддршка на Генералниот судски совет и агенти од единиците за борба против немири, со цел да се олесни пристапот и да се обезбеди областа.

Европол вели дека фалсификаторите користеле најсовремена технологија за производство на фалсификувани евро банкноти, кои се сметаат за едни од најсофистицираните фалсификати што некогаш биле откриени во ЕУ.

Исто така, се наведува дека иследниците од Истражната бригада на Банката на Шпанија го идентификувале главниот осомничен зад печатницата како лице кое веќе им било познато на властите за слични кривични дела во 2009 година.

Инспекторите проценуваат дека за само три месеци криминалната мрежа испечатила повеќе од осум милиони евра во оваа тајна печатница, која беше уништена во септември, а лажните пари биле користени за разни криминални активности, вклучително и трговија со дрога, се наведува во соопштението пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Невреме и бури ја зафатија Шпанија, во…

102-годишна жена загина, а околу 90 лица…

Макрон и Санчез го поддржуваат можното враќање…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…

Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…

Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…

Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…

Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…

ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…

Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…