“Голема акција”: Царинската управа заплени 35 килограми кафе
На граничниот премин „Табановце“, Царинската управа запленила 35 килограми кафе во зрно.
-На 14.01.2023 во утринските часови, при вршење на детална царинска контрола на автобус на влез во државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Царинската управа и царинските службеници од ЦИ Табановце на граничниот премин Табановце открија и привремено задржаа 35 килограми кафе.
Поради постоење сомнеж, автобусот со македонски регистарски ознаки кој се движи на редовна линија од Љубљана (Словенија), бил селектиран за контрола и упатен на царинскиот терминал на граничниот премин. При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности и сомнителни форми во пределот на задната врата. По извршената детална контрола во фабричка празнина на автобусот се пронајдени 35 пакувања од по 1 кг кафе во зрно LAVAZZA, велат од Царината.
Стоката е привремено задржана и предметот е предаден во понатамошна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Голема акција”: Царинската управа заплени 35 килограми…
На граничниот премин „Табановце“, Царинската управа запленила…
Нема веќе “на кафе”, ќе одиме “на…
Шолја кафе, секојдневната рутина со која многумина…
СДСМ за две години потрошиле 2 милиони…
СДСМ се фатени на дело како ги…
Добро утро со Инфомакс: Што е подобро-…
Кафето е еден од најпопуларните пијалаци во…
Добро утро со Инфомакс: Кое е најдобро…
На многумина денот им почнува со кафе,…