СДСМ за две години потрошиле 2 милиони евра за кафе, цвеќиња и бадеми и 2.5 милиони евра за набавка на службени возила
СДСМ се фатени на дело како ги трошат народните пари на луксузирање во време на криза. Само во последните 5 месеци откако знаеле дека ќе влезе Македонија во тежок кризен период потрошиле 2 милиони евра за кафиња, режано цвеќе, хотелски услуги, бадеми, и слични други непродуктивни трошоци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Само во време на криза имаат потрошено 2,5 милиони евра за набавки на службени возила, од кои што најголем дел се луксузни.
Мерките ги носат лицемерно затоа што прво потрошија милиони на луксуз па рекоа дека треба да се штеди.
Ги оставија стопанството и економијата да тонат, народот да осиромашува, а тие си тераат бизнис и луксуз со народни пари, реагираат од партијата и додаваат:
„Во ваква ситуација, кога е разголена нивната пропаганда и нивното недомаќинско работење очајно се обидуваат вината да ја префрлаат во друг.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се тие кои покажаа дека во услови на кризи во услови на задолжени општини оставени од СДСМ, во услови на опструкции од централната власт успеваат успешно да ги менаџираат општините и да реализираат илјадници проекти. Тие покажаа дека може да се работи поинаку од криминалното работење на СДСМ. И затоа СДСМ се нервозни“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…
Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…