(Видео) Голема воена вежба во Србија: 1.500 војници, беспилотни летала, оклопни транспортери, хеликоптери…
Српската армија ја изведува заедничката тактичка вежба „Огнен удар 2024“ на полигонот „Пасуљанска ливада“.
Се вежба извршување борбени дејства со употреба на беспилотни летала за извидување и огнена поддршка, соопшти српското Министерство за одбрана.
Општите цели на вежбата се подобрување на способноста за собирање и дистрибуција на разузнавачки податоци, зголемување на ефикасноста на огнената поддршка на современото бојно поле и проверка на функционалноста на организацијата и единиците на армијата.
Во вежбата учествуваат единици на копнената армија, воздухопловство, противвоздушна одбрана, сили за специјални операции и контраелектронско војување и експерти од Воено-техничкиот институт, јавува „Нова.рс“.
Беа ангажирани околу 1.500 војници и повеќе од 300 борбени средства, вклучително и оние што се во процес на модернизација, развој и тестирање.
Вежбата ќе трае две недели. Врз основа на вежбата ќе се утврдат ограничувањата и потребите за развој на нови тактички принципи, ќе се проверува можноста за заштита и одбрана од напади од воздушен простор и ќе се утврдат потребите за развој на нови софтверски и хардверски решенија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Паланчани во сабота излегуваат на протест против…
Жителите на Крива Паланка во сабота излегуваат…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…
Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…
Северна Кореја ги проширува капацитетите за збогатување…
Северна Кореја ги проширува капацитетите за збогатување…
Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега…