Голема воена вежба на НАТО на Балканот „Бранител Европа 23“ почнува в понеделник во Албанија, со учество на 20 земји сојузнички и партнери
Во Албанија в понеделник почнува заедничката мултинационална воена вежба „Бранител Европа 23“ (Defender Europe 23), предводена од Европската команда на САД, на која ќе се демонстрираат интерактивните способности на САД со сојузничките и партнерските армии на НАТО.
Во врска со тоа Американската амбасада во Тирана денеска информираше дека американски војници и опрема веќе се пристигнати во Албанија и оти на вежбата ќе учествуваат повеќе од 20 земји сојузнички и партнери.
-Со нетрпение и задоволство го очекуваме официјалниот почеток на вежбовните активности. Заедничката мултинационална вежба предводена од европската команда на САД е дизајнирана да изгради подготвеност и интероперабилност меѓу сојузниците и партнерите на САД и НАТО, се вели во објавата на Американската амбасада на социјалните мрежи.
Албанија по втор пат ќе биде домаќин на најголемата воена вежба во Европа „Бранител Европа 23“. На вежбата, како што информираше албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, која ќе се одржува од 22 мај до 23 јуни ќе учествуваат повеќе од 7.000 американски војници и 17.000 мултинационални трупи од повеќе од 20 сојузнички и партнерски земји, меѓу нив од Северна Македонија и Косово, кои веќе се пристигнати во Албанија, што ќе ја направи најголемата вежба во историјата на Албанија како сојузник на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…
ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски…
Се одржа редовна седница на Извршниот комитет…