Голема македонска компанија ќе инвестира во ТИРЗ?!

t

Договорот со првата голема македонска компанија која планира инвестиција во една од скопските развојни зони е подготвен и поднесен на разгледување кај надлежните институции пред околу три месеци, изјави денеска за МИА директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски.

Деспотовски потсети дека според проекциите и најавите, компанијата требаше да стартува со инвестицијата минатиот месец во ТИРЗ Скопје, но договорот е „заглавен“ во Комисијата за заштита на конкуренцијата.

-Договорот е подготвен и поднесен на разгледување кај надлежните институции пред околу три месеци. Се уште очекуваме институциите да се произнесат пред да ја објавиме инвестицијата. Конкретно, договорот е кај Комисијата за заштита на конкуренцијата. Компанијата требаше да влезе во зоната во јуни. Ако добиеме одговор од Комисијата, уште утре ќе можеме да почнеме со реализација, рече Деспотовски.

Првата голема македонска компанија чија инвестиција се најавува уште од минатата година, според директорот на ТИРЗ, ќе поттикне отворање на инвестицискиот потенцијал на домашните компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бремена жена со хематоми по телото пријавила…

Четириесет и двегодишна жена од Босна и…

Шефот на „Енвидија“ Јенсен Хуанг поднесе оставка…

Извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia) Јенсен Хуанг…

ТРАМП: НЕ НИ ТРЕБА ДОГОВОР СО ИРАН,…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…

Драма во Гази Баба: 59-годишен скопјанец натепан…

59-годишен скопјанец пријавил физички напад од страна…

Инвестицијата е вредна 1,5 милиони евра: Киел…

„Киел Македонија“, која е дел од германската…