Голема полициска акција во Србија, откриени 300 нерегуларни мигранти со оружје и муниција
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија, во денешната акција за сузбивање на илегалната миграција во шумскиот појас кон границата со Унгарија, откриле 300 нерегуларни мигранти.
Во акцијата учествуваа 820 полициски службеници, меѓу кои припадници на Специјалната антитерористичка единица, Жандармеријата, Полициската интервентна единица, Полициската бригада, Управата на граничната полиција, Управата за криминалистичка полиција, Техничката управа, Антитерористичката група и полициската управа Суботица.
Како што соопшти МУП, од вкупниот број мигранти, 13 се приведени согласно одредбите од Законот за кривичната постапка, а против 27 ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави.
Во акцијата полицијата извршила претрес на просторот од населба Хајдуково до Стара Караула, Јасеновачка шума и „Омаровиот камп“, при што биле пронајдени девет автоматски пушки, ловечка карабина со оптички нишан, три пиштоли, како и 841 парче муниција различно калибри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…