Голема полициска акција: „Тигрите“ во Струга апсат криминалци за трговија со дрога и оружје

t

За трговија со дрога и оружје се апсат осомничени лица во чии домови, а и на други места утрово во Струга влегоа припадници на „Тигар“, Специјалната антитерористичка единица при МВР, дознава МКД.мк од свои извори.

Детали за идентитетот на лицата кои се мета на полицијата поради сомнежи за вмешаност во криминал со оружје и дрога, како и тоа дали веќе се познати на органите на прогонот или се лица кои прв пат биле под оперативна обработка и следење на полицијата, ќе следуваат откако ќе заврши акцијата. Како што веќе објавивме утрово во Струга се спроведува голема полициска акција во која специјалците веќе привеле дваесетина криминалци.

Од Министерството за внатрешни работи офоцијално потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

Извор: МКД.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…

Филипче: Поддршка за студентите, Србија заслужува промена

Венко Филипче им посака успех на студентите…