Голема сензација – Македонија како гостин ја прегази Полска!
Македонската кошаркарска репрезентација дојде до голема победа на вечерашното гостување кај Полска (96-71) со што делумно го компензира петочниот пораз на домашен терен од Естонија и остана во игра за пласман на ЕП 2025.
Жолто-црвените одиграа фантастичен натпревар во кој покажаа дека заслужуваат по десет годишна пауза да се вратат во европскиот крем. Решеноста да се победи на средбата во Сосновиец се виде уште кон крајот на првата и почетокот на втората четвртина кога со неверојатна серија 21-2 дојдоа до огромни плус 13 (29-16). Ова беше најава за крајниот епилог, а до крајот на полувремето уште во неколку наврати ја имавме оваа највисока предност.
Втор голем блесок имавме и во третиот период, кога почетниот налет на противникот го спречивме со нова серија, овој пат со 20-4 со која дојдовме до предност од неверојатни 23 поени (69-46), која речиси ни ја гарантираше победата. Полјаците од тој момент вратија со 11 поени во низа, со што намалија на „само“ минус 12 (57-69), но тоа не ги уплаши избраниците на селекторот Александар Јончевски, кои вратија со 10-0 и ставија крај на сите можност за некаков сензационален пресврт.
Ненад Димитријевиќ повторно блескаше и средбата ја заврши со 32 поени, на кои додаде и седум скока и осум асистенции. Веднаш зад него беше Итан Хап со 19 поени и седум скока, а двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Стојан Ѓуроски со 14 и Андреј Маслинко со 10 поени. Сето ова беше остварено без помошта на Војдан Стојановски, кој се повреди уште во првата минута и потоа воопшто не влезе во игра.
Извор; sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…
Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…
ЕУ од утре со нови правила за…
Во Европската унија од утре се менуваат…
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…
Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…
Американка две години лажела дека е болна…
Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…