ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Загина 20-годишно момче од кумановско, удрило во бетонски столб со моторцикл!

t

Тешка несреќа се случила вчера околу 21 часот во кумановско кога 20-годишник со моторцикл удрил во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе.

Лицето загинало на лице место од здобиените повреди.

„Вчера околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од село Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од с. Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „БМВ“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, информираше полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…