Големиот полски трговски ланец Пепко потврди дека отвора маркети во Македонија

t

Полскиот ланец на дисконтни малопродажни продавници „Пепко“ потврди дека влегува на македонскиот пазар во јуни годинава. Првите продавници компанијата ќе ги отвори во Скопје, најави таа во објава на официјалниот профил на социјалната мрежа „Линкдин“.

„Пепко“ ова го гледа како уште една важна пресвртница во амбициозната стратегија за раст на Групацијата, насочена кон насочено проширување во регионот на Централна и Источна Европа, како и селективен влез на нови пазари, се вели во објавата.

„Пепко“ веќе работи во Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска, Словенија и во Србија, каде има повеќе од 120 отворени маркети. Во изминатите години, многу луѓе од Македонија, најчесто во викендите, одеа да пазаруваат во продавницата на „Пепко“ во Врање.

„Северна Македонија е на нашата мапа на проширување веќе некое време. Влегувањето на овој пазар е природен следен чекор во развојот на „Пепко“, градејќи го нашето силно присуство низ Централна и Источна Европа и во соседните земји како што се Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина“, изјави за „Сее њуз“ Марчин Станко, директор за операции за регионот на Централна и Источна Европа.

Компанијата има околу 4.300 продавници во 18 европски земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големиот полски трговски ланец Пепко потврди дека…

Полскиот ланец на дисконтни малопродажни продавници „Пепко“…