Големи колони на Евзони: За излез од Грција се чека и до три часа

t

Големи колони возила се создаваат на граничниот премин Евзони при излез од Грција кон Македонија, известуваат патници кои во моментов се враќаат од летување.

Според објави на социјалните мрежи, времето на чекање за преминување на границата достигнува и до три часа, а возачите се соочуваат со долги колони пред граничните терминали.

„До море и три часа се полесни… но при враќањето дома, секоја минута трае како вечност“, пишува еден од патниците во објава на Фејсбук.

Гужвите на границата во последниот период го сменија правецот. Додека во изминатите месеци најголеми колони се создаваа при излез од Македонија и влез во Грција, сега засилениот туристички бран предизвикува поголем метеж при враќањето во земјава.

Патниците кои во следните часови планираат да се упатат кон Македонија се советуваат да имаат трпение и да го земат предвид можното подолго задржување на граничниот премин.

Се очекува интензитетот на сообраќајот да биде зголемен и во наредниот период, особено поради враќањето на голем број туристи од летните одмори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само 265 лица од Македонија со бугарски…

Многу слаб интерес владее во Македонија за…

Новинарка на N1 спречена да влезе во…

Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…

САД ги повлекува дипломатите и членовите на…

Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…

Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…

Нетанјаху објави слика од нуклеарка: Израел се…

Израел се соочува со егзистенцијална закана од…