(Видео) Големи немири и подметнати пожари го зафатија Даблин по нападот на деца со нож

t

Полициски автомобили и автобуси беа запалени откако локалните медиуми идентификуваа маж кој избоде повеќе деца како Алжирец.

Толпа демонстранти запалија полициски и возила за јавен превоз во ирската престолнина Даблин, поради гласините дека мажот кој избоде три деца и една жена во градското училиште е странски државјанин.

Демонстрантите почнаа да се собираат во центарот на градот во четвртокот попладне по нападот со нож. Една од жртвите, петгодишно девојче, е хоспитализирана со тешки повреди.

Полицијата уапси маж на околу 50-годишна возраст на местото на настанот, и иако не е објавен опис на човекот, ирскиот информативен сајт „Грипт“ го идентификуваше како алжирски државјанин, цитирајќи полициски извори.

Полицијата за немири беше распоредена за да ги држи демонстрантите под контрола, но набрзо избувнаа судири, при што беа нападнати повеќе полицајци, објави „RTE News“. Огномет и бариери за контрола на толпата беа фрлени врз полицијата, која се обиде да ја разбие толпата гневни локални жители со штитови за немири.

Неколку полициски возила биле запалени, а цел на подметнувачите на пожар биле најмалку два двокатни автобуси и еден трамвај, според повеќе извештаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

Изгоре угостителски објект на државниот правобранител Речи…

Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект…

(Фото) Голем пожар над Кондово!

Голем пожар гори над Кондово. Пожарот е…

САД и Британија изведоа нови напади над…

Соединетите Американски Држави и Велика Британија започнаа…