Објавено на:

Големи притисоци: ЕУ очекува Србија за неколку дена да воведе санкции кон Русија

t

Петер Стано, портпарол на Европската унија, вели дека Србија се приклучила на некои од претходните одлуки на ЕУ во последните неколку недели, вклучително и оние што се однесуваат на Крим, но дека за разлика од Македонија и Албанија, Белград сè уште не е целосно усогласен со сите одлуки на ЕУ, вклучително и санкциите против Русија.

„Очекуваме Србија постепено да ги почитува сите одлуки. Овде не се работи за економски интереси, ниту е прашање на избор, тука се работи за морални принципи. Санкциите на ЕУ се таму за да го спречат Путин да финансира агресија против независна и суверена земја и нејзините народи. Тоа се обидуваме да им го објасниме на нашите партнери од Западен Балкан и од целиот свет“, рече Стано.

Стано објаснува дека кога ЕУ ќе донесе некои санкции, земјите кандидати се поканети да се усогласат во период од неколку дена или неколку недели и дека поради сериозноста на ситуацијата во Украина, тој период треба да биде прашање на денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…