Големи региони во Македонија без електрична енергија – ова е причината!

t

Како резултат на силното невреме што ја зафати Скопската котлина во попладневните часови, преку Единствениот број за итни повици 112 во ЦУК, се добиени пријави и известувања за: паднати и навалени дрва, како и скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли, поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето.

Од ЕВН Македонија известуваат до ЦУК, дека во моментот без електрична енергија се:

Скопје – Ѓорче Петров и околината, Сарај, Кондово, Волково, Граничен премин Блаце и Новоселски Пат
Тетово – Џепчиште, Непроштено, Једоарце, Отуње, Сетоле
Тетово – Сарачино, Желино
Гостивар – Дебреше,Врањовце Зубовце, Врапчиште, Пожаране и Топлинци
Битола – горно и долно Агларци , Добромири, Далбеговци, Трап, Будаково, Мусинци, Алинци, Трничани, Мојно, Маково, Рапеш, Орле, Долно Орехово, Румази, Паралово, Мегленце и околината.
Радовиш – Богулево, Дамјан, Бучим, Коџалија, Парналија
Тимовите веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во наведените реони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата…

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод…

СДСМ: 85 години борба против фашизмот –…

Пред 85 години партизаните излегоа за слободна…

Силјановска Давкова: 11 Октомври е вечен завет…

Претседателката Гордана Силјановска Давкова по повод 11…

„Канал 12“: Пентагон наредил да се завршат…

Пентагон му наложил на американското Централно командување…

Итно соопштение до македонските државјани во Саудиска…

Апел за максимална будност, внимателност и следење…