Големо апсење во соседството: Уапсен поранешниот директор на црногорската полиција Веселин Вељовиќ
Поранешниот директор на Управата на полицијата, Веселин Вељовиќ, е уапсен по налог на Специјалното државно обвинителство, дознава порталот РТЦГ. Вељовиќ е однесен на распит во Специјалното полициско одделение, кое го изврши апсењето.
Апсењето на Вељовиќ е поврзано со предмет кој се однесува на шверц на цигари, неофицијално дознава РТЦГ.
Освен Вељовиќ, уапсено е уште едно лице, Мујо Никочевиќ од Подгорица.
„Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство денеска ги лиши од слобода В.В. и М.Н., и против нив, а и против А.М. и Н.М., по кои се трага, поднесе кривична пријава заради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела создавање на криминална организација, злоупотреба на службената положба и криумчарење“, изјави црногорскиот државен обвинител Вукас Радоњиќ.
Полицијата по наредба на судот, а на барање на Специјалното државно обвинителство, и во соработка со Европол, изврши претрес на станови и други простории на повеќе лица во Подгорица, Никшиќ, Жабљак и Мојковац, јавува РТЦГ.
Абазовиќ: „Раката на правдата конечно стигна до Вељовиќ. Одиме понатаму!“
Претседателот на црногорската Влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ, упати честитки до надлежните и по повод апсењето на некогашниот директор на Полициската управа на Црна Гора порача дека „раката на правдата конечно стигна и до Веселин Вељовиќ“.
„Им честитам за акцијата на СДО и СПО, на чело со господинот Предраг Шуковиќ и на сите службеници од безбедносниот сектор кои придонесуваат за ослободување на Црна Гора од организираниот криминал. Одиме понатаму, имаме уште многу работа!“, рече Абазовиќ.
Вељовиќ до 20 мај работел како советник за безбедност и одбрана на поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Функцијата директор на Управата на полицијата ја извршување во два мандати, од 2007 до 2011 година, а потоа од 2018 до 2020 година.
Меѓу двата директорски мандати беше советник на тогашниот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ во областа на безбедноста и одбраната, а во времето на Владата на Мило Ѓукановиќ, од 2014 година, беше и секретар на Советот за национална безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возило излетало од патот, две девојки се…
„На 23.06.2025 во 11:45 часот во ОВР…
Трамп ја објави честитката од Руте за…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска објави…
Сајбер напад врз веб-страниците на самитот на…
Проруска хакерска група денеска ја презеде одговорноста…
Арсовска достави нови докази до ОЈО: Само…
Градоначалничката на Град Скопје објави дека до…
Трета опција: За некој нема работа ама…
Фејсбук страницата „Трета опција“ сподели нови информации…