Големо засилување за Арсенал – дојде Жоржињо

t

Досегашниот фудбалер на Челзи и италијански репрезентативец Жоржињо ќе ја продолжи кариерата во Арсенал откако двата премиерлигаши се договорија околу висината на обесштетувањето, пренесува денеска Би-Би-Си.

Жоржињо прво ќе ги мине задолжителните медицински прегледи по што ќе потпише договор со Арсенал до јуни 2024 година, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Арсенал се согласил да плати обесштетување во износ од 10 милиони фунти, плус два милиони фунти во бонуси за 31-годишниот италијанскиот репрезентативец со бразилско потекло.

Жоржињо го носи дресот на Челзи од 2018 година кога се пресели во редовите на лондонскиот клуб од Наполи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…

Трамп не се противи Кина да произведува…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…

ВМРО-ДПМНЕ: 4,6 милиони евра провизии за незавршена…

ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти…