Големо невреме во Виница: Поплавени се куќи и подруми

t

Територијата на Општина Виница попладнево беше погодена со обилни врнежи од дожд и притоа регистрирани се одрони на патот Берово – Виница, заради што надлежните апелираа на внимателно возење долж овој патен правец. Претходно Центарот за управување со кризи соопшти дека како поплавени во Виница се пријавени 30 до 40 објекти.

На терен интервенираат од ЈКП „Солидарност“ Виница со една пумпа и двајца вработени, ТППЕ Виница со две пумпи и четворица пожарникари и од ТППЕ Кочани со три пумпи и шест пожарникари.

-Во моментов нема потреба од дополнителна помош и опрема, велат од ЦУК.

Во Малешевијата се санираат штетите по вчерашното невреме. Во Пехчево екипи на Јавното комунално претпријатие работеa на расчистување на остатоците од невремето на патот до туристичката населба Равна Река, каде најмногу од обилните врнежи и надојдената вода настрада патната мрежа која води до оваа населба.

-Со механизација успеавме да исчистиме дел од наносите на патот, но сепак има доста штета која во моментот не може да биде саниранa. Имаме прекинати цевки од водоводната мрежа, искинати кабли и друга штета која дополнително ќе биде утврдена, велат од пехчевското комунално претпријатие.

Во Берово во поплавите најмногу штета беше предизвикана од надоаѓањето на Клепалска Река.

-Кај оваа месност настрада патната мрежа, поради што неколку часови патниот сообраќај беше во прекин. Имаме штета и на мостови, меѓу кои најоштетен е мостот кај м.в Абланица, информираа од Општината. Наведуваат дека се работи на делумна санација на штетите на оние места каде тоа е можно.

Извор: ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млади вандали уништувале игралиште во Виница

Основното училиште „Гоце Делчев“ од Виница на…

Менувачница од Виница направила половина од прометот…

Менувачкиот бизнис во Македонија и натаму останува…

Мицкоски најави експресен пат Кочани–Виница–Делчево: Почнува подготовка…

Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности…

„Ова не е обична трагедија од пожар,…

Денеска и Виница маршираше за 63-те трагично…

Пронајдено тело со прострелна рана во близина…

Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на…