Големо невреме во Дојран, граѓаните пријавуваат прекин на струјата и интернетот
Големо невреме со дожд и град попладнево го зафати Дојран. Граѓаните пријавуваат дека снемува струја и интернет на повеќе локации.
За утре во државата се најавува дека времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во југоисточните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје се најавува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Во недела ќе се задржи сончево и многу топло време. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Кон средината на седмицата ќе има локална појава нестабилност со пороен дожд и грмежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18 години затвор за Дојранецот кој до…
Основниот суд во Гевгелија му изрече казна…
Градоначалникот на Дојран качен на камион му…
Градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, вчера качен…
УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
(Видео) Невреме во Задар, автомобил падна во…
Силно невреме утрово го погоди хрватскиот град…
Невреме во западна Србија, издадено предупредување за…
Невреме со силен дожд, грмежи и локално…