Голем број улици и населби во Гази Баба и Бутел денес ќе бидат без вода

t

Од ЈП „Водовод и Канализација“ известуваат дека, утре, поради технички зафат на булеварот Александар Македонски, во периодот од 05:00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците на десетина населби и населени места во Гази Баба, а паралелно поради дефект на улицата „Бутелска“, утре од 11 часот без вода ќе бидат голем број улици во општина Бутел.

Во Гази Баба, утре од 05.00 часот без вода ќе бидат корисниците од булeварот „Александар Македонски“, улиците „Палмиро Тољати“ и „Маџари“, корисниците од населба Методија Андонов Ченто и село Сингелиќ, како и дел од корисниците од улица „808“ и булеварот „Киро Глигоров“.

Намален притисок во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населба Автокоманда – ниска зона, населбите Триангла и Хиподром и корисниците од улица „Перо Наков“ лоцирани кај Кванташки Пазар.

Во Бутел, со почеток од 11 часот, без вода ќе останат корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Марко Крале“, „Призренска“, „Петар Манџуков“, „Александар Бујнов“, „Краишка“, „Коле Канински“, „Бутелска“ од крак 1 до крак 35 и „Бутелска“ од крак 2 до крак 14.

И во двете општини прекините со водоснабдувањето ќе траат се до поправање на дефектите, велат од „Водовод“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…