Голем дел од полицајците биле во Пулс кобната ноќ, а денес тврдат дека не знаеле дека имало концерт – родителите регираат на сведочењата на полицајците
Обвинетите 13 полицајци во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска се изјаснија дека не се виновни. Во судскиот процес кој се води против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, тие се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ .
Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту спречиле активирање на пиротехниката.
Сите 13 обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а дел од нив рекоа дека направиле се што можеле согласно нивните законски овластувања. Во воведните говори Марија Маневска, поранешна началничка на полицијата во Кочани рече дека „трагедијата не настанала поради полициска контрола, туку беше предизвикана од оние кои ја внесоа пиротехниката без да ја известат МВР. Објектот функционирал со неважечќки лиценци и неисполнети стандарди и тоа ниту е ниту било надлежност на МВР“, рече Маневска. Според неа МВР беше единствена институција која беше на терен, додека смртоносните ризици биле сокриени од нас“, рече таа.
Адвокатите на полицајците рекоа дека обвинението е контрадикторно и дека нема се обвинети за дела кои не биле во нивна надлежност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…