Голем дефект го остави половина Скопје без електрична енергија

t

Инфомакс ексклузивно дознава дека во моментов има голем дефект кај универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН.

Овој дефект остави големи делови од градот без електрична енергија. Како што дознава Инфомакс без струја е голем дел од општина Ѓорче Петров како и дел од соседните населби.

Без електрична енергија се и делови од Кисела Вода, Центар и Аеродром.

Особено е проблематично што температурите во Скопје се пониски во споредба со останатите денови, а се очекува дополнително да паѓаат со ноќта, а најголем дел од градот се загрева токму со електрична енергија.

На дефектот како што дознаваме ќе се работи во наредниот час, а овие делови од градот и натаму ќе бидат без електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…

При редовна проверка на пакет во затворот…

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…