Голем е пожарот во велешко: Го гаснат два „Ер трактор“, полициски хеликоптер и над 20 пожарникари – Колев се сомнева дека некој фрлил отпушок од цигара

t

Два авиона „Ер трактор“ за Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер интервенираат во гаснење на големиот шумски пожар над село Отовица што изби попладнето околу 14 часот.

Loading…
-Со пожарот е зафатана борова шума, а во негово гаснење се вклучени и 20-тина пожарникари со противпжарни возила, десетина вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население од село Отовица кое живее во близина на пожарот, информира за МИА, градоначалникот на Велес Марко Колев кој е на терен во подршка на лицата вклучени во гаснење на пожарот.

Тој појасни дека пожарот е на истата локација каде завчера исто така имаше пожар, но со тоа што сега е зафатена и гори поголема површина на борова шума и тоа на непристапен терен.

Баравме гаснење од воздух бидејќи станува збор за непристапен терен,потенцира Колев.

Пожарот е во близина на автопатот Велес-Скопје каде поминуваат илјадници возила, а Колев се сомнева дека можеби отпушок од цигара фрлен од кола е причината за пожарот.

– За краток временски период од само два дена се случува од автопатот да се прошири пожарот, кон шумата. Не можам да тврдам само можам да претпоставувам дека причината е можеби отпушок од цигара фрлен од кола, потенцира Колев.

Истрагата на СВР Велес треба да утврди што е причината за овој голем шумски пожар. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Глобалните цени на земјоделските производи експлодираа –…

Цените на земјоделските производи на светските пазари…

Полска обновува засолништа од Студената војна: Во…

Полскиот град Лублин повторно стави во употреба…

Британскиот премиер вели дека размислуваат за повторно…

Британскиот премиер Енди Бурнам најави дека ќе…

Трамп призна: „Можно е“ војната со Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…

„Ројтерс“: Саудиска Арабија подготвува нова офанзива против…

Саудиска Арабија подготвува офанзива против Хутите во…