Голем инцидент во затворот во Шутка: Претепани двајца затвореници кои биле во самица

t

Како што дознавам Инфомакс денеска во затворот во Шутка се случил голем инцидент во кој двајца затвореници едвај спасиле жива глава.

Имено повеќе од 10-тина затвореници насилно ги отвориле вратите од делот во кој затворениците се во самица и физички нападнале двајца затвореници кои се наоѓале во изолација.

Затворениците биле удирани со тупаници, а кон нив биле фрлани столици, радијатори и други предмет.

Непознати се причините за физичкиот напад врз двајцата затвореници.

Како што дознаа нашата редакција се работи за затвореници кои претходно биле во отворениот дел од затворот, но откако при проверката од директорот на Управата за санкции, Александар Пандов не биле во своите келии, но биле во дворот на отвореното одделение завршиле во самица.

Нивната здравствена положба во моментов е стабилна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…

Два случаи на семејно насилство биле пријавени…

Трамп: Војната во Иран практично е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Курц: За десет години ќе живееме во…

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…

Денес се празнува Светата маченичка Параскева (Петка)

Родена е во градот Иконија од родители…