Голем колку јајце од ној — лекари извадија камен тежок 3,1 килограми од мочниот меур на маж
Лекари во Шри Ланка отстраниле огромен камен од мочниот меур на 55-годишен маж, тежок дури 3,1 килограми. Медицинскиот тим верува дека станува збор за најголемиот досега документиран камен од овој вид што бил отстранет со хируршка интервенција, објави Би-би-си.
Операцијата била извршена минатата недела во Општата болница во Тринкомали, на истокот од земјата.
Пациентот првично бил примен во болница поради мозочен удар. Додека го лекувале, лекарите забележале дека има тешкотии при мокрењето, по што дополнителните испитувања покажале дека во неговиот мочен меур има камења.
За време на операцијата бил изваден камен тежок 3,1 килограми – приближно колку новороденче. Бил долг околу 17 сантиметри и по големина бил споредлив со јајце од ној.
„Според достапните податоци, ова е најголемиот камен во мочниот меур што некогаш бил документиран и отстранет со операција“, изјави за Би-би-си Синхала д-р Прахалахан Балакришнан, кој го предводел медицинскиот тим.
Тој додаде дека пациентот е во „многу добра здравствена состојба“. Мажот и понатаму се наоѓа во болница, каде што се лекува и од другите здравствени проблеми.
Според процената на лекарот, огромниот камен најверојатно се формирал и останал во мочниот меур на пациентот меѓу пет и десет години.
Камењата во мочниот меур се создаваат кога минералите во урината кристализираат и формираат цврсти наслаги. Најчесто се појавуваат кога мочниот меур не се празни целосно, поради што преостанатата концентрирана урина може да создаде кристали.
Малите камења понекогаш можат самостојно да се исфрлат од организмот, но оние поголеми од еден сантиметар често го попречуваат протокот на урината и бараат медицинска интервенција. Камењата поголеми од четири сантиметри се сметаат за џиновски.
Според Гинисовата книга на рекорди, досегашниот рекорд го држел камен отстранет од пациент во Бразил во 2003 година. Тој тежел 1,9 килограми и бил долг 17,9 сантиметри. Каменот отстранет во Шри Ланка е долг околу 17 сантиметри, но е значително потежок – 3,1 килограми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем колку јајце од ној — лекари…
Лекари во Шри Ланка отстраниле огромен камен…
Шилегов пиша бил камен – Граѓаните го…
Поранешниот градоначалник на Град Скопје и актуелен…